ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ДОБИВА 5 НОВИ ГРАДИНКИ Стојковски најави дека во нив ќе се згрижат 220 деца
Една од најавените градинки веќе се гради, наскоро почнува да се гради градинката во Дексион, а уште три други ќе се градат во наредните 4 години.
Кандидатот за градоначалник на општина Ѓорѓе Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Стојковски најави изградба на 5 нови градинки во општината со цел, како што вели, да се намали времето на чекање и да се подобрат условите за сместување на децата.
-Денеска имаме една многу убава вест. Нова детска градинка во Дексион. Проект којшто го најавувам подолго време, а денеска го потпишав Договорот, почнуваме со изградба веднаш. Покрај оваа детска градинка, во моментов ја градиме и детската градинка во Стопански двор, тоа е во напредната фаза. Со тоа го зголемуваме капацитетот за сместување за дополнителни најмалку 220 деца, на ниво на општината Ѓорче Петров – вели Стојкоски.
Тој информира дека во изборната програма ветува уште 3 други градинки.
– Дополнително, во нашата изборна програма ветувам изградба на уште три детски градинки, вкупно 5 детски градинки во наредниот мандат. Две во населбата Диво Маало, и во близина на Македонска војска и една за жителите на населбата Александрија. Децата ни остануваат во фокусот, и грижата за најмалите и понатаму ќе биде приоритет број еден за да ги надминеме проблемите коишто ги имаме и за идните генерации да не го поминуваат истиот пат низ кој што сме оделе ние – рече Стојкоски.