НОВ ИНЦИДЕНТ СО ДРОНОВИ ВО ЕВРОПА Летало видливо со око кренало аларам на аеродром

Норвешката полиција потврдила дека во неделата забележале летал како кружи над аеродромот Лангнес, што веднаш поттикнало сомнежи за шпионажа или саботажа. Градот Тромсе, кој се наоѓа во близина на арктичкиот круг, игра стратешка улога во мониторингот на Русија, со оглед дека тука се лоцирани и воени и научни бази на НАТО.

268

Мистериозен објект, нов во серијата инциденти со дронови над Европа, го нарушил северното небо. Над градот Тромсе, во арктичкиот дел на Норвешка, се појавил неидентификуван дрон токму над локалниот аеродром, поттикнувајќи безбедносна истрага и остри реакции од норвешките власти, јави НРК.

Норвешката полиција потврдила дека во неделата забележале летал како кружи над аеродромот Лангнес, што веднаш поттикнало сомнежи за шпионажа или саботажа. Засега не е јасно кому му припаѓал дронот, ниту која била неговата цел.






Безбедносната агенција ПСТ ја презела истрагата, имајќи предвид дека во последниве месеци имало слични инциденти кај други критични инфраструктури низ северна Норвешка.

Во јануари, норвешките власти откриле дека неколку дронови летаат во близина на гасни терминали и енергетски постројки. Инспекторите тогаш алармирале дека се можни сајбер или физички упади во чувствителните системи.

Градот Тромсе, кој се наоѓа во близина на арктичкиот круг, игра стратешка улога во мониторингот на Русија, со оглед дека тука се лоцирани и воени и научни бази на НАТО.

Норвешката влада неодамна ги засили контролите на воздушниот простор, особено по руската инвазија врз Украина, што дополнително ја зголеми осетливоста на регионот.

Во меѓувреме, аеродромот во Тромсе функционира нормално, но зголемен е бројот на патролни летови над регионот. Не се исклучува можноста дронот да бил користен за тестирање на реакцијата на системите.

Станува збор за случај кој само ја продлабочува тревогата околу воздушниот надзор и хибридните закани во Северна Европа.

Слични инциденти со дронови над Полска, Естонија и Данска ги зголемија грижите на Европската унија за можно руско мешање. Челниците за одбрана во ЕУ навестија можно формирање на таканеречн ѕид од дронови, систем од радарски станици, дронови и друга опрема кој би ги штител границите на НАТО од можен руски напад.

Поврзани содржини