ИНТЕРКОНЕКТОРОТ АКТИВНО ГО ГРАДИМЕ Сакаме да обезбедиме повеќе извори за снабдување со гас, порача Николоски

Во однос на интерконекторот, активно се гради од наша страна. Стигнати сме некаде над Неготино, северно од Неготино. Рокот за изградба е две години, веќе активно се работи, беше избран изведувач, македонска компанија која што работи и тоа ќе ни отвори алтернативно снабдување со гас бидејќи сега имаме само еден извор кој што оди преку Бугарија, истакна вицепремиерот Александар Николоски во интервју за Сител.

120

Изградбата на гасниот интерконектор е во тек. Рокот е две години и со тоа обезбедуваме уште еден извор за снабдување со гас за домашните компании, вели вицепремиерот Николоски во интервју за ТВ Сител.

– Во однос на интерконекторот, активно се гради од наша страна. Стигнати сме некаде над Неготино, северно од Неготино. Рокот за изградба е две години, веќе активно се работи, беше избран изведувач, македонска компанија која што работи и тоа ќе ни отвори алтернативно снабдување со гас бидејќи сега имаме само еден извор кој што оди преку Бугарија. Планираме да имаме најмалку уште три извори на гас и така ќе можеме да калкулираме со цената на гасот. Во однос за терминалат за течен гас Александропули, ние сметаме дека сите иницијативи кои се добри треба да се поддржат. Отворени сме за соработка бидејќи не сакаме државата да биде зависна од снабдување со гас и енергенси од Русија, би сакале да имаме снабдување и од други извори и региони – потенцира Николоски.

Поврзани содржини