МУЦУНСКИ НА ВЕЧЕРА СО ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР НА САД, РУБИО Посветени на европската и на глобалната безбедност
Како кредибилен НАТО-сојузник, партнер на САД и потписник на Партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ, продолжуваме активно да придонесуваме за регионалната, европската и за глобалната безбедност, објави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
На покана од државниот секретар на САД, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски присуствуваше на традиционалната Трансатлантска вечера, во рамки на 80. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
На настанот учествуваа министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО и Европската Унија, при што беше реафирмирана заедничката определба за мир, стабилност и просперитет.
„Како кредибилен НАТО-сојузник, партнер на САД и потписник на Партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ, продолжуваме активно да придонесуваме за регионалната, европската и за глобалната безбедност. Нашата посветеност на овие цели останува јасна и недвосмислена“, истакна министерот Муцунски во објава на социјалните мрежи.