ДО 2050 ГОДИНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ СТАНЕ ЈАГЛЕРОДНО НЕУТРАЛНА Формирана е Единица за техничка поддршка на транзицијата

Оваа единица, како што соопштија од Министерството за енергетика, ќе претставува клучна алка во поврзувањето на сите релевантни чинители: државните институции, јавните претпријатија, приватниот сектор, синдикатите, регулаторните тела и меѓународните партнери.

60

 Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини поддржа формирање на Единица за техничка поддршка (ЕТП) чија цел е помош во координација на процесот на енергетска транзиција.

Оваа единица, како што соопштија од Министерството за енергетика, ќе претставува клучна алка во поврзувањето на сите релевантни чинители: државните институции, јавните претпријатија, приватниот сектор, синдикатите, регулаторните тела и меѓународните партнери.






– Со формирањето на оваа Единица воспоставуваме јасен систем за поддршка на целиот процес, координација, следење и дијалог со сите засегнати страни. Целта е да обезбедиме забрзана и поорганизирана транзиција, со конкретни резултати и со целосна отчетност пред јавноста – изјави министерката Сања Божиновска.

Таа посочи дека процесот на праведна транзиција е сложен и бара целосна координација, одговорност и заедничка работа.

– Нашата земја има амбиција да постигне јаглеродна неутралност до 2050 година и да го напушти јагленот како ресурс за производство на електрична енергија. Но, еднакво важно е да се осигураме дека ниту една заедница или поединец нема да биде запоставен – рече таа.

Единица за техничка поддршка ќе функционира под надзор на Министерството за енергетика, а во неговиот состав се вклучени експерти од области како енергетика, комуникации и проектен менаџмент.

– Само преку систематски и транспарентен пристап можеме да ја обезбедиме довербата на граѓаните и поддршката на сите засегнати страни. Формирањето на оваа Единица е чекор напред во градење на силна институционална основа за успешна и праведна енергетска транзиција -рече Божиновска

 

Поврзани содржини