ПУТИН ГО ПРОДОЛЖУВА „НОВ СТАРТ“, ФРЛЕНА РАКАВИЦА КОН САД Москва уште цела година ќе се држи до нуклеарните ограничувања

Договорот Нов СТАРТ, потпишан во 2010 година, е последниот активен билатерален документ за контрола на нуклеарното оружје помеѓу Москва и Вашингтон. Со него се ограничува бројот на распоредени боеви глави на максимум 1.550 по страна, речиси 30 отсто помалку од претходната граница. Бројот на носачи, за ракети и за бомбардери, се ограничува на 800, од кои 700 можат да бидат трајно распоредени.

1,771

Москва нема да го пушти во заборав последниот столб на нуклеарната рамнотежа со САД. Рускиот претседател Владимир Путин објави дека земјата ќе продолжи да се придржува до Договорот за намалување на стратешкото вооружување уште една година откако ќе истече важноста на Нов СТАРТ во февруари 2026 – јави Ројтерс.

Договорот Нов СТАРТ, потпишан во 2010 година, е последниот активен билатерален документ за контрола на нуклеарното оружје помеѓу Москва и Вашингтон. Со него се ограничува бројот на распоредени боеви глави на максимум 1.550 по страна, речиси 30 отсто помалку од претходната граница. Бројот на носачи, за ракети и за бомбардери, се ограничува на 800, од кои 700 можат да бидат трајно распоредени.






Путин наведе дека суспензијата на Договорот Нов СТАРТ ќе има негативни последици по глобалната стабилност и оти се надева дека САД ќе го следат примерот на Русија и ќе се придржуваат до ограничувањата.

Во февруари 2023, Москва го „суспендираше“ учеството во инспекцискиот дел на договорот, обвинувајќи ја Америка за непријателско однесување, но не ја пречекори линијата на целосно повлекување. Сега, со најавата за едностранo продолжување, Кремљ испраќа сигнал за отворен канал до Вашингтон.

Поврзани содржини