📷 „СИЛА НА ЕДИНСТВОТО 2025“ ВОЕНА ПАРАДА ВО БЕЛГРАД Учествуваат 10.000 припадници на српската армија

На парадата присуствуваат голем број високи гости од светот, а ја поздрави  претседателот и врховен командант на српските вооружени сили, Александар Вучиќ.

778

Денеска пред Палатата на Србија во Белград се одржува голема воена парада „Силата на единството 2025“ со   учество на  повеќе од 10.000 припадници на српските вооружени сили, 2.500 оружја и воена опрема, 70 различни авиони, 600 борбени возила и околу 20 пловила.

На парадата присуствуваат голем број високи гости од светот, а ја поздрави  претседателот и врховен командант на српските вооружени сили, Александар Вучиќ.

Парадата почна со почесен артилериски оган од страна на припадници на Гардата од шест топови со десет плотуни и презентација на знамето на Србија, долго 300 метри и тешко 300 килограми, кое го носеа кадетите на Воената академија и учениците од Воената гимназија и Средното воено стручно училиште.

Во рамките на големата воена парада „Силата на единството“, се одржа парада на ешалонски единици од сите родови и служби на Вооружените сили на Србија.

За прв пат, коњаничката единица на Гардата беше во свечена облека.

Како што јавуваат српските медиуми, истовремено со парадата  се одржува и студентскиот протест. Студентите пред почетокот на парадата се обидоа да дојдат до местото на парадата каде што како што изјавија сакаат да им дадат поддршка на оние „ кои се на правата линија на одбраната“, но полицијата не им дозволи да стигнат до Палатата на Србија.

Вучиќ по парадата објави фотографии со коментар: „ава е нашата сила. Моќта на единството! Да живее српската армија! Да живее Србија“.

Поврзани содржини