АМЕРИКАНСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ЈА НАМАЛИ ОСНОВНАТА КАМАТНА СТАПКА Ревидирани се и очекувањата за економски раст и инфлација
ФЕД очекува земјата годинава да има повисок економски раст од претходно очекуваниот, прогнозирајќи зголемување од 1,6% за годинава откако ги ревидираше своите претходни економски очекувања, дадени во јуни, за 1,4%.
Американските Федерални резерви (ФЕД) за првпат годинава ја намалија основната каматна стапка за 0,25% поради слабиот пазар на трудот, со опсег што сега е помеѓу 4 и 4,25%, соопшти Одборот на гувернери во Вашингтон.
ФЕД очекува земјата годинава да има повисок економски раст од претходно очекуваниот, прогнозирајќи зголемување од 1,6% за годинава откако ги ревидираше своите претходни економски очекувања, дадени во јуни, за 1,4%.
Американската централна банка и натаму очекува инфлацијата годинава да се задржи на нивото од 3%.
Со намалувањето, Советот за утврдување стапките во ФЕД се обидува да најде компромисно решение за зголемените ризици на пазарот на трудот додека инфлацијата расте.
Од 12-те членови со право на глас во ФЕД, 11 гласаа за намалување на каматната стапка за еден чекор, или 0,25 процентни поени. Само сојузникот на Трамп, Стивен Миран, кој беше потврден како привремено решение во одборот на ФЕД на почетокот на оваа недела, се изјасни за поголемо намалување – целосно во согласност со желбите на Трамп.
Претседателот на САД Доналд Трамп во изминатиот период жестоко бараше пониска стапка.