И ВРАПЧИЊАТА ЗНААТ КОЈ РАКОВОДИ СО „ДРИСЛА“ Ѓубрето во Скопје и состојбата во депонијата е резултат на неспособноста на Данела и на нејзините другари од ДУИ, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Граѓаните на Скопје не се виновни за хаосот што го прави Арсовска и Скопје не смее да биде заложник на Арсовска и коалицијата СДС-ДУИ-Левица, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

2,009

На сите им е јасно кој раководи со јавните претпријатија во град Скопје. Дури и врапчињата знаат дека конкретно со Дрисла раководи ДУИ. Дрисла, ѓубрето во Скопје и состојбата во Дрисла е резултат на неспособноста на Данела Арсовска и нејзините другари од ДУИ, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните на Скопје не се виновни за хаосот што го прави Арсовска и Скопје не смее да биде заложник на Арсовска и коалицијата СДС-ДУИ-Левица. Време е да се стави крај на црните сценарија, фабрикуваните кризи и штетни сценарија за граѓаните на Скопје од страна на коалицијата Арсовска-ДУИ-Левица. Граѓаните на Скопје не смеат да бидат заложници на Арсовска и неспособните кадри од ДУИ. СДС треба да знаат, граѓаните не се наивни, граѓаните знаат кој ветува а кој исполнува. ВМРО-ДПМНЕ има јасна визија, план и цел, ќе го решат овој проблемот со депониите за граѓаните конечно да го добијат она што го заслужуваат, а тоа е почиста животна средина, почист воздух и намалување на бројот на дивите депонии. ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски имаат  сеопфатна стратегија за почиста животна средина, почист воздух и поквалитетен живот на граѓаните“, се вели во реакцијата.

Поврзани содржини