УТРЕ ПОЧНУВА УВИДОТ ВО ТРУБАРЕВО Обвинителството најави истрага за причините на пожарот

Јавен обвинител ќе ја координира увидната постапка на лице место, додека четворица осомничени остануваат во притвор.

191

Увидот на лице место за причините за големиот пожар во Трубарево ќе започне утре, информираа од Основното јавно обвинителство Скопје. Постапката ќе ја координира јавен обвинител, кој ќе раководи со увидните екипи на терен.

По негова наредба, денеска на терен излегоа екипи на СВР Скопје со цел да преземат дејствија и да приберат докази неопходни за истрагата што се води за загрозување на животната средина со отпад.






„Во континуитет се преземаат повеќе дејствија за обезбедување и анализа на документација поврзана со случајот,“ велат од Обвинителството.

До Основниот кривичен суд Скопје веќе е доставен предлог за продолжување на мерката краткотраен притвор за дополнителни 48 часа за сите четворица лица кои се опфатени со постапката до овој момент.

Поврзани содржини