НЕМА НЕПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ, ИМА НЕПРИЈАТЕЛСКИ ВЛАДИ Лавров најавува нова реторика за тоа кој им е непријател

Постепено го напуштаме терминот „непријателски држави“, иако тој останува во законодавството, вели министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

327

Руската страна постепено го напушта терминот „непријателски држави“ и тргнува од фактот дека постојат непријателски влади, а не држави, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција.

– Постепено го напуштаме терминот „непријателски држави“, иако тој останува во законодавството. Како што неодамна нагласи претседателот (Владимир Путин) на еден од настаните во Владивосток, за нас нема непријателски држави, постојат држави чии влади се непријателски настроени кон Руската Федерација – коментираше Лавров.

Поврзани содржини