ПОСТАВИЛЕ ЛАЖНИ БОМБИ ПОД МЕДИУМСКИТЕ ВОЗИЛА КОИ ИЗВЕСТУВАА ЗА АТЕНТАТОТ ВРЗ КИРК Уапсени двајца мажи во Јута

Полициските и противпожарните единици за деактивација на бомби реагирале во петокот, кога сомнителна направа била пронајдена под возило паркирано во близина на станбена зграда.

161

Двајца мажи се уапсени под сомнение дека поставиле бомба под медиумски возила во Солт Лејк Сити, каде што има голем број новинари, кои известуваат за убиството на американскиот патриот Чарли Кирк, соопштија синоќа властите на Јута.

Полициските и противпожарните единици за деактивација на бомби реагирале во петокот, кога сомнителна направа била пронајдена под возило паркирано во близина на станбена зграда.






Истражителите утврдиле дека активирачот на бомбата бил вклучен, но не дошло до експлозија, пренесуваат американските медиуми.

ФБИ ги идентификуваше двајцата осомничени и издаде налог за претрес на куќа во населбата Магна, западно од центарот на градот.

Мажите, на возраст од 31 и 58 години, се уапсени и се соочуваат со обвиненија за нелегално поседување оружје и за терористички закани.

Соседните куќи биле евакуирани за време на претресот. При претресот се пронајдени експлозив, огнено оружје, нелегални наркотични средства и друг прибор. Властите соопштија дека биле пронајдени и најмалку две направи за кои се покажало дека се „лажно оружје за масовно уништување“.

Мотивот на двајцата осомничени засега не е познат.

Поврзани содржини