📷 📽️ СТРАШНИ СЦЕНИ ВО ТРУБАРЕВО Гори фабрика за електронски отпад, напомош вклучени два хеликоптери и „ер трактор“

Во гаснењето учествуваат еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, еден хеликоптер на Армијата на Република Северна Македонија, како и еден Ер Трактор на Дирекцијата за заштита и спасување. На терен се испратени и екипи на итната медицинска помош.

4,818

Застрашувачки снимки и фотографии пристигнуваат од теренот во скопското село Трубарево, каде во моментов беснее огромен пожар кој ги зафати објектите на Ф – ГРУПАЦИЈА која се занимава со електронски отпад. Големи облаци црн чад се издигнуваат над метрополата и се забележуваат од повеќе скопски населби.

Во гаснењето се вклучени голем број екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, хеликоптер на МВР, хеликоптер на АРМ, исто така е ангажиран еден „ер трактор“ за дополнителна помош од воздух.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, изјави дека пожарот бил пријавен во 13:38 часот преку бројот за итни повици 112.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

– Во текот на денот, во 13:38 часот, преку единствениот број за итни повици 112 беше пријавен пожар во штала наменета за складирање на отпадни електрични материјали. Пожарот за кратко време предизвика густ црн чад и се прошири и на неколку околни објекти – рече Али.

Тој додаде дека веднаш воспоставил координација со службите за кризи и ги информирал надлежните институции за состојбата на терен.

– Од страна на операторот ЕВН беше побарано итно исклучување на електричната енергија, со цел да се овозможи безбедно гаснење на пожарот, вклучително и со употреба на воздухопловни средства – нагласи директорот на ЦУК.

На терен се ангажирани шест противпожарни возила од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје со повеќе од десет пожарникари, како и специјализирани возила на Дирекцијата за заштита и спасување.

– Во гаснењето учествуваат еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, еден хеликоптер на Армијата на Република Северна Македонија, како и еден Ер Трактор на Дирекцијата за заштита и спасување. На терен се испратени и екипи на итната медицинска помош – изјави Али.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Командирот на скопската Противпожарна бригада, Звонко Томевски, за медиумите потврди дека на терен работат повеќе екипи и се прават напори за локализирање на огнената стихија.

– Има голем пожар во Трубарево, зафатени се отпадни материи, се гасне со повеќе екипи – изјави Томевски.

Фото: ДЗС

Противпожарната бригада во меѓувреме успеа да го изгасне пожарот што претходно избувна кај старата Цементара на улицата „Горноврановска“ во Горно Лисиче, но целата екипираност сега е насочена кон огнените јазици во Трубарево.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Засега нема информации за евентуални повредени или материјална штета, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

📷 ГОРИ ФАБРИКА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД ВО ТРУБАРЕВО Огромен чад над градот кој се забележува од повеќе делови

Поврзани содржини