ЗАВРШУВАЊЕТО НА КОРИДОРОТ 10 ДОБИВА ДИНАМИКА Првите километри од автопатот Прилеп–Битола ќе бидат готови наскоро

Првите 11 километри ќе бидат готови до 2026, а целата траса од 40 километри се очекува да биде завршена до крајот на 2027 или почетокот на 2028 година.

1,303

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска во Прилеп изјави дека првите 11 километри од автопатот Прилеп–Битола ќе бидат пуштени во употреба до крајот на 2026 година, додека целата траса во должина од 40 километри се очекува да биде готова до крајот на 2027 или почетокот на 2028 година.

– Изградбата на автопатот Прилеп–Битола се одвива одлично. Задоволен сум од изведбата. Очекуваме кон крајот на 2026 година да ги имаме функционални првите 11 километри, а целиот автопат од 40 километри да биде готов кон крајот на 2027 година или на почетокот на 2028 година, зависно од временските услови – изјави Николоски.






Тој нагласи дека автопатот ќе се надоврзува на експресниот пат Градско–Дреново–Фариш, а дополнително е планирано и автопатско поврзување од Фариш до Прилеп.

Изведувач на проектот е компанијата „Бехтел и Енка“.

Николоски присуствуваше во Прилеп на промоцијата на кандидатот за градоначалник од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, при што ја искористи приликата да ја презентира динамиката на инфраструктурните проекти во регионот.

Поврзани содржини