ТРПЕНИЕТО КОН ПУТИН МУ Е ПРИ КРАЈ Трамп најави остри санкции кон Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп најави сериозни економски мерки против Русија, предупредувајќи дека неговото трпение со Путин „истекува“.

333

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска предупреди дека неговото трпение со рускиот претседател Владимир Путин „истекува“ и најави нови и остри економски мерки против Москва, поради застојот во мировните преговори со Украина.

– Некако ми снемува трпение, и тоа со забрзано темпо. Ќе има тешки удари преку санкции кон банките, нафтениот сектор и преку царини –  изјави Трамп во интервју за Фокс њуз.






Претседателот додаде дека неговата администрација веќе презела неколку чекори, вклучително и воведување царини кон Индија поради набавката на руска енергија. Сепак, тој очекува поголем ангажман од европските земји.

– Ова повеќе е проблем на Европа отколку на САД – нагласи американскиот претседател.

Трамп истакна дека наредните економски мерки ќе бидат насочени кон ограничување на финансиските и енергетските ресурси на Русија, со цел да се забрзаат мировните преговори и да се притисне Москва да ја смени својата стратегија кон Украина.

Поврзани содржини