ЕВЕ ШТО МИ РЕЧЕ ВИРТУЕЛНАТА МИНИСТЕРКА, НАПИША РАМА Албанскиот премиер ги осуди инцидентите во парламентот

Диела денеска го виде парламентот (во Албанија) и ми рече: Губитник не е оној што паѓа, туку оној што копа таму каде што паднал! Како се прави тоа, прашав? Никогаш не го попречувајте, рече таа, противникот што прави грешка, пишува Рама на платформата Икс.

555

По тензичната ситуација на денешната конститутивна седница на новиот албански Парламент предизвикана од страна на опозициските пратеници, премиерот Еди Рама реагираше со објава на платформата Икс.

Иронизирајќи ја ситуацијата тој напиша дека Диела, најмладата министерка во новата влада создадена од вештачка интелигенција, реагирала на ситуацијата.






„Диела денеска го виде парламентот и ми рече: Губитник не е оној што паѓа, туку оној што копа таму каде што паднал! Како се прави тоа, прашав? Никогаш не го попречувајте, рече таа, противникот што прави грешка“, пишува Рама на платформата Икс.

Тој вчера на седницата на Националното собрание на Социјалистичката партија, каде го објави составот на новата влада ја претстави првата министерка во историјата, создадена со вештачка интелигенција, наречена Диела, што на албански јазик значи Сонце, која „ќе ги води и доделува сите јавни тендери на кои владата ангажира приватни компании за разни проекти“.

Поврзани содржини