„ПРЕДМЕТОТ Е ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО, ИМА ПРОЦЕДУРИ“ Мицкоски не сака да го коментира случајот со неговото следење

Си има процедура Обвинителството, во нивни раце е, така што на таа тема повеќе нема што да додадам. Сепак тоа се теми во кои сум бил индиректен учесник и не би имал што да кажам, рече Мицкоски во врска со барањето за декласификацијата на материјалите по наводите за негово незаконско прислушување и следење додека беше лидер на опозицијата.

433

Обвинителството има процедура, одговори премиерот Христијан Мицкоски околу барањето од опозициската СДСМ за декласификацијата на материјалите по наводите за негово незаконско прислушување и следење додека беше лидер на опозицијата.

– Си има процедура Обвинителството, во нивни раце е, така што на таа тема повеќе нема што да додадам. Сепак тоа се теми во кои сум бил индиректен учесник и не би имал што да кажам – рече Мицкоски.






Прашан за поплаките од опозицијата дека вчера не им бил дозволен увид во документација во Агенцијата за национала безбедност рече дека „не би сакал да коментира такви класифицирани работи“.

Комисијата за надзор на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање вчера на седница одлучи членовите на оваа Комисија кои имаат безбедносен сертификат да ја посетат АНБ и да ги разгледаат документите кои ќе им бидат доставени, а беше донесена одлука денеска да ја посетат Агенцијата за разузнавање.

Комисијата заседаваше по објавата на информацијата дека АНБ во периодот од 2019 до 2024 година го следела и го прислушкувала премиерот Христијан Мицкоски, тогашен опозициски лидер, како и новинари и бизнисмени.

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција велат дека предметот е во предистрага уште од декември лани, кога Мицкоски прв пат обелодени дека бил следен, а во предметот се додадени и известувањата од АНБ.

Поврзани содржини