„ПУТИН ПРЕСТАНИ, АЛИЈАНСАТА Е СПРЕМНА ДА СЕ ОДБРАНИ“ Руте вели дека авиони од неколку земји соборувале дронови над Полска

Говорејќи за медиумите, генералниот секретар на НАТО изјави дека инцидентот е продолжение на руската војна во Украина и ја предупреди Москва дека сојузниците се „решени да ја бранат секоја педа од територијата“.

1,729

Руското нарушување на воздушниот простор на Полска е „неодговорно однесување“, без оглед на тоа дали било намерно, вели генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

– Мојата порака до Путин е јасна, престани со војната во Украина. Престани со ескалацијата на војната. Престани со прекршување на воздушниот простор на сојузниците и знајте дека сме спремни – му порача Руте на рускиот претседател Владимир Путин.

 






Говорејќи за медиумите, тој изјави дека инцидентот е продолжение на руската војна во Украина и ја предупреди Москва дека сојузниците се „решени да ја бранат секоја педа од територијата“.

Во соопштението, Руте вели дека сојузниците на НАТО изразиле целосна солидарност со Полска.

Тој додава дека целосната проценка е во тек. Неколку сојузници на НАТО беа вклучени во соборувањето на руските беспилотни летала, вели Руте, вклучувајќи ги Холандија, Италија, Полска и Германија.

Поврзани содржини