СОНЦЕ И ЗАСИЛЕН ЈУЖЕН ВЕТЕР Топол ден пред дождот в четврток

Сончево и топло со мала до умерена облачност, со можност за засилен јужен ветер во делови од државата.

263

Утре нѐ очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен.

Минималните температури ќе се движат од 8°C во Берово до 18°C во Гевгелија, додека дневните максимални ќе се искачат од 26°C во Маврово до 35°C во Гевгелија.






Во Скопје, утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Температурите ќе се движат од 16 до 34 степени Целзиусови.

Метеоролозите најавуваат дека во четврток ќе преовладува променливо облачно и топло време со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе се развие нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за изолирана појава на невреме. Минималната температура ќе се движи од 10 до 19°C, а максималната од 27 до 34°C.

Во петок, пак, се очекува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме. Минималните температури ќе бидат од 11 до 20°C, а дневните од 26 до 32°C.

Поврзани содржини