📽️ ГРКИНКИ НЕ ЈА ДОСЛУШАА ДО КРАЈ ПЕСНАТА НА ЈАНКО КОЛУМБИЕЦОТ „Едно име имаме, еден живот живееме…“

„Ние не сме Грци, Бугари ил Срби, чеда сме на Александар, гордост Македонска...“, почна да пее Јанко со својот бенд. Наскоро се појави црн екран од другата страна на повикот.

1,021

Девојки од Грција не додржаа да ја слушнат македонската песна на Јанко Колумбиецот, пејач кој со својот бенд ја афирмира македонската култура.

Во последните денови, Јанко практикува да им се јавува на луѓе на интернет пеејќи песни од Македонија. Таа практика е позната кај повеќе инфлуенсери. Гостинот треба да погоди која е песната.






Но, девојките почнаа да покажуваат кисели лица штом Јанко ја запеа „Едно име имаме“ од познатиот Војо Стојановски.

Песната на покојниот Стојановски стана легендарна низ годините, откако дебитираше во 1999 година на Гоце Фест и беше наградена.

„Ние не сме Грци, Бугари ил Срби, чеда сме на Александар, гордост Македонска…“, почна Јанко.

Наскоро се појави црн екран од другата страна.

Јанко претходно имаше ваков видеоповик со група тинејџери од Грција на кои им рече дека „Дури и ние во Колумбија знаеме дека Македонија си е Македонија“.

Пејачот и неговиот бенд добија бројни пофалби од граѓаните на интернет, но и од фолк пејачи кај нас, повторно популаризирајќи народни или фолк песни кои се дел од македонската културна ризница.

Поврзани содржини