🎥 АНЏЕЛИНА ЏОЛИ СЕ РАСПЛАКА ВО ЈАВНОСТ Маж од публиката ѝ поставил прашање, а актерката станала емотивна
На мајката на Анџелина Џоли, Маршелин Бертран, ѝ бил дијагностициран рак на јајници во 1999 година, а подоцна ѝ е откриен рак на дојка. Таа починала во 2007 година на 56-годишна возраст.
Американската актерка Анџелина Џоли била преплавена од емоции додека зборувала на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто за нејзината мајка, Маршелин Бертран, која почина од рак на јајници и дојка.
За време на дискусијата за филмот „Couture“, еден маж од публиката ја споделил сопствената загуба на пријател кој се борел со рак и ја прашал екипата каква порака имаат за секој што тагува.
– Многу ми е жал за вашата загуба. Се сеќавам на мајка ми, која имаше рак, еднаш ми рече на вечера кога луѓето ја прашаа како се чувствува: „Сите ме прашуваат за ракот“, се присети Џоли, трогната и во солзи.
Потоа актерката даде совет за тоа како да се пристапи кон луѓето што минуваат низ тешки здравствени предизвици.
@__angelinaswife__ our baby needs to be protected i can’t handle this ☹️💔#angelinajolie #angelinajolieedit #cancer #sad #emotional
– Ако познавате некого што поминува низ нешто толку тешко, прашајте го и за сè друго во неговиот живот, вели Џоли.
За потсетување, на Маршелин Бертран ѝ бил дијагностициран рак на јајници во 1999 година, а подоцна ѝ бил дијагностициран рак на дојка. Таа починала во 2007 година на 56-годишна возраст. Анџелина Џоли беше подложена на двојна мастектомија во 2011 година бидејќи имаше висок ризик од рак на дојка.