НИТУ ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ЕЛИЗАБЕТА НЕМА ДА ГИ ЗБЛИЖИ ВИЛИЈАМ И ХАРИ Принцот и принцезата Кејт со почести за тригодишнината од смртта на кралицата
Принцот Хари пристигна во долгоочекуваната посета на Велика Британија, оддавајќи ѝ почит на својата баба на нејзиното последно почивалиште. Според гласините, тој би можел да се сретне со својот татко, кралот Чарлс, првпат по 20 месеци.
Принцот Вилијам и принцезата од Велс, Кетрин вчера ги предводеа кралските почести во Лондон по повод третата годишнина од смртта на кралицата Елизабета Втора.
Елизабета, најдолговечниот монарх во Велика Британија, почина на 96 години на 8.9.2022 година, во замокот Балморал кој беше нејзиното летно одморалиште во Шкотска.
За одбележувањето на годишнината, принцот Вилијам и принцезата Кејт го посетија Женскиот институт (ЖИ), којшто ѝ бил „близок до срцето“ на покојната кралица, објавија британските медиуми.
Кралицата, инаку, беше член на Женскиот институт 80 години и претседателка на огранокот близу нејзиниот дом во Сандрингам, во источна Англија од 2003 година до својата смрт.
Во истовреме, отуѓениот брат на Вилијам, принцот Хари пристигна во долгоочекуваната посета на Велика Британија, оддавајќи ѝ почит на својата баба на нејзиното последно почивалиште.
Не се очекува средба меѓу Хари и престолонаследникот Вилијам за време на неговата посета на Велика Британија оваа недела. Според гласините, тој би можел да се сретне со својот татко, кралот Чарлс, првпат по 20 месеци.
„Икс“ профилот на кралското семејство објави слика од покојниот монарх со придружна порака: „Сеќавање на кралицата Елизабета Втора, 1926 – 2022“.
Кралот Чарлс моментно престојува во Балморал со својата сопруга, кралицата Камила, и не е најавено нивно јавно одбележување на годишнината од смртта на кралицата Елизабета.