ДЕКЛАРАЦИИТЕ НА СДСМ ДОСЕГА БЕА САМО ОБИЧНО СЛОВО НА ХАРТИЈА Мицкоски го очекува предлогот на Филипче за црвените линии со ЕУ
Да го видиме документот, се надевам дека ќе дозволат и ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група од владејачката коалиција да дадат свој инпут на сето тоа, да видиме што е тоа што ќе понудат ново, рече премиерот Христијн Мицкоски.
Премиерот Христијан Мицкоски очекува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да го добие предлогот за црвени линии во преговорите со ЕУ што го најави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за да придонесат и тие за документот.
– Да го видиме документот, јас тоа велам, да го видиме документот којшто ќе го поднесат. Се надевам дека ќе дозволат и ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група од владејачката коалиција да дадат свој инпут на сето тоа. Да го видиме документот, да видиме што е тоа што ќе понудат ново – рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање како го коментира предлогот на Венко Филипче за заедничка резолуција.
Премиерот додаде дека многу такви декларации во минатото предложени од СДСМ биле само обично слово на хартија и воопшто не се почитувале.
– Имавме многу такви декларации во минатото, но за жал, СДСМ сето тоа коешто го декларира апсолутно не го почитуваше кога имаше кревка можност да управува со владата. Така што, еве да го видиме тој документ, па да дадеме и ние наш инпут врз основа на тоа што ќе го видиме – изјави премиерот Мицкоски.
Филипче најави дека до крајот на неделата во Собранието ќе ја поднесатрезолуциајта која ќе ги исцртаат македонските црвени линии во преговорите за членство во ЕУ.