СЀ ПОБРЗО ОПАЃА БРОЈОТ НА НАСЕЛЕНИЕТО Колку се родиле, а колку умреле во второто тримесечје?

Регистрирани се 545 разведени бракови, што претставува зголемување од 0,4 % во споредба со истиот период од 2024 година.

213

Природниот прираст и во второто тримесечје од 2025 година e негативен и изнесува минус 1.135 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во вториот квартал е 3.741 и во споредба со истиот период лани е намален за 4,2 %.






Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 1,2 % во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4.876 лица, а од нив 13 се доенчиња.

Во ова тримесечје од годината се склучени 2.792 бракови и нивниот број е зголемен за 8,1 % во споредба со истиот период од 2024 година. Регистрирани се 545 разведени бракови, што претставува зголемување од 0,4 % во споредба со истиот период од 2024 година.

Поврзани содржини