ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ВО ЕДЕН СИСТЕМ ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА РЕСУРСИТЕ Секое министерство само ќе си го води сметководството

ДЗР во извештајот објавен завчера констатира дека не се одржува системот што треба да го следи финансиското работење на 40 државни институции, како и дека кај нив нема навремено и комплетно дигитално следење на сметководствено-финансиските услуги, вклучувајќи и десет министерства преку кои минуваат речиси 19 проценти од државниот Буџет. 

67

Системот на интегрирано планирање на ресурсите (ИПР систем) две години били оставен без одржување, но од јануари годинава интензивно се работи на негово подобрување.

– Излезе извештајот на Државниот завод за ревизија. Системот, за жал, две години бил оставен без одржување. По склучувањето на договорот во јануари годинава почнавме сериозен акциски план за надминување на недостатоците. Направени се и безбедносни тестирања и заштита на корисници и на податоци, а сега се тестира и поврзувањето со официјалните службени мејл адреси на сите корисници. Со завршување на овој пакет ќе имаме систем на кој можеме да му веруваме. Овој систем ќе им биде достапен на институциите и надвор од СОЗР, агенции, општини кои материјалното финансиско работење го прават хартиено, „пешки“, со мејл. Сега ќе може да го работат преку нашиот систем – рече министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во функција на новата канцеларија за административни услуги на територија на oпштината, „ЕТУ Свети Николе”.






Според Андоновски, системот е веќе во функција, а модулите, како што ќе се развиваат, така ќе бидат објавувани во јавност. Тој најави и дека системот ќе биде поврзан со трезорското работење.

– Ние тестиравме оваа недела во нашето Министерство. Нам веќе не ни се потребни сметководителите од СОЗР зашто нашите вработени во Секторот за финансии сами ги прават пресметките. Во следната фаза би сакал, за да ја оптимизираме работата на СОЗР, секоја институција, министерство, само да ги прави пресметките. Се надевам дека со развивањето на овие модули уште повеќе ќе ја подобриме работата на системот – истакна Андоновски.

ДЗР во извештајот објавен завчера констатира дека не се одржува системот што треба да го следи финансиското работење на 40 државни институции, како и дека кај нив нема навремено и комплетно дигитално следење на сметководствено-финансиските услуги, вклучувајќи и десет министерства преку кои минуваат речиси 19 проценти од државниот Буџет.

 

Поврзани содржини