🎥 ПОЖАР ИЗБУВНА КАЈ „ЗЕБРА“ ВО СКОПЈЕ Огнот се доближи до автомобилите, пожарникарите реагираа навреме
Пожар избувна ноќва во близина на трговскиот центар „Зебра“ во Скопје.
На видео од местото се гледа силен пламен веднаш до паркирани автомобили, од кои неколку се наоѓаат на само неколку метри од жариштето.
Огнот бргу се прошири и претставуваше опасност за околните возила.
Противпожарната служба веднаш реагираше и на терен пристигнаа возила за гаснење на пожарот.