ПРОГРАМА ЌЕ ЈА ВРШИ ЖРЕПКАТА ВО УЕФА НАМЕСТО ТОПЧИЊАТА Проблем е новиот сложен формат со 36 тимови

Според „Гардијан“ дигиталната жрепка е воведена поради сложеноста на новиот формат со 36 тимови во Лигата на Шампионите кој треба да биде ефектуиран следната сезона со што рачната ждрепка за сите натпревари би траела и до 4 часа.

251

Ждрепката со топчиња кои беа симбол на неизвесноста во европските клупски натпревари заминува во историјата. Отсега организаторите ќе притискаат копче и компјутерска програма ќе ја одредува судбината на клубовите.

Според „Гардијан“ дигиталната жрепка е воведена поради сложеноста на новиот формат со 36 тимови во Лигата на шампионите кој треба да биде ефектуиран следната сезона со што рачната жрепка за сите натпревари би траела и до 4 часа. Рачната жрепка станува комплицирана ако се следат правилата дека секој тим треба да се соочи со 8 противници, 4 дома и 4 во гости и притоа 2 тима од иста земја нема да смеат да играат.






УЕФА одлучила наместо класичното извлекување со раце, организаторите да притиснат  копче со што ќе се активира компјутерска програма. Програмата ќе ги распореди двојките, како и кој тим прв ќе биде домаќин.

УЕФА соопшти дека „софтверот го обезбедува извршувањето на жрепката во рамките на регулативните ограничувања, со целосна случајност и дека целиот процес бил надгледуван и верифициран од Ernst & Young“.

Новиот систем стапува на сила во петок, 29 август, од 13:00 часот по средноевропско време.

 

Поврзани содржини