СЕ ПОДГОТВУВААТ МЕРКИ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ КУПУВАЊЕ ПРВ СТАН Во фокусот се младите брачни парови
Соговорниците се согласиле дека разликувањето на кредитите за прво живеалиште од оние за инвестиции, како и зајакнатата институционална соработка, ќе создадат услови за поефикасна поддршка на граѓаните при решавање на станбеното прашање и индиректно ќе влијаат на стабилизирање на цените на пазарот на недвижности.
Состојба на пазарот на недвижности и можностите за поефикасна размена на информации меѓу Катастарот и Народна банка, со цел да се донесат поефикасни мерки за кредитирање купување на прв стан беа тема на разговор на денешната средба меѓу гувернерот Трајко Славески и дитекторот на Катастарот Иван Живковски
Славевски најави дека са неколку недели ќе се објаат мерките за поттикнување поповолно кредитирање на објекти за живеење, особено за млади граѓани и брачни парови кои првпат купуваат стан.
– Релативно готови сме со мерките со коишто ќе ги олесниме условите за оние кои по првпат купуваат стан за живеење, а значително ќе ги затегнеме критериумите со соработка со банките за купување на стан инвестиција кој нема да служи за живеење. Ова што се случува на пазарот на станови во Репубика Македонија посебно во неколку градови, најмногу во главниот град, ги става во многу незавидна ситуација младите брачни парови или самци кои сакаат да го решат станбеното прашање затоа што цените се премногу високи од аспект на заработката. Ние не сакаме овој тренд да продолжи и мислам дека како Народна банка имаме инструменти со кои тоа ќе го постигнеме – изјави Славевски.
Тој рече дека се во контакт со банките и веќе се добиени нивните предлози од кои дел се прифатени, но не откри детали од мерките, но рече дека повеќе е за поврат на данокот на додадена вредност на лицата кои за првпат купуваат стан.
Славески оцени дека е во колизија со овие мерки ДДВ-то да се врати од 5 на 18%
– Ќе има приспособување – рече тој.
Според него, секаде во светот постои јасно одвојување меѓу кредитирањето на објекти за живеење и објекти како инвестиција, а и лицата кои земаат кредит за да го решат станбеното прашање се со многу помал ризик од аспект на сервисирање на кредитот.
– Лицата кои позајмуваат пари од банките за објекти во кои живеат се со многу помал ризик од аспект на сервисирање на кредитот односно ако сте го ставиле под хипотека живеалиштето едноставно ќе настојувате да се вклопите во рамки на своите доходи за да не се доведете во ситуација да доцните со кредитот и не дај Боже да мора да го отстапите станот доколку не може да го плаќате кредитот рече Славески.
Тој апелираше до банките – изјавите што ги потпишуваат кредитобарателите да не бидат само формалност.
– Имаме податок дека кај околу 73 проценти од становите кои се купени на кредит, во изјавите стои дека се наменети за живеење, но тоа никој не го проверува. Никој не проверува дали е променета адресата на живеење и.т.н. Во многу држави во светот банките ги следат кредитобарателите дали го промениле живеалиштето и доколку се утврди дека е дадена лажна изјава дека ќе живеат во станот којшто го купувате на кредит, тоа се смета за тешка измама и банката има право веднаш да побара да го вратат кредитот или да го намали рокот на отплата на кредитот на помалку години – рче Славевски.
Соговорниците, како што по средбата беше соопштено, се со мислење дека треба да се разликуваат кредитите за прво живеалиште од оние за инвестиции, а зајакнатата институционална соработка, ќе создаде услови за поефикасна поддршка на граѓаните при решавање на станбеното прашање и индиректно ќе влијаат на стабилизирање на цените на пазарот на недвижности.
Живковски ја изрази подготвеноста на Катастарот за интензивна соработка со Народната банка, нагласувајќи дека податоците за тековните трендови на пазарот на недвижности се клучни за креирање ефективни политики.
Тој најави повторно активирање на Регистарот на цени и закупнини..
Агенцијата за катастар и Народната банка договорија да потпишат меморандум за соработка, кој ќе овозможи подобра размена на информации, брза достапност на податоци за недвижности и зајакнување на аналитичките капацитети за следење на пазарните трендови.