МОЌНО ЈА ЗАПОЧНАВМЕ СЕЗОНАТА, ТАКОВ НИ БЕШЕ ПЛАНОТ Еве што кажа Киву по „петардата“ на Интер

По овој натпревар, Интер е водечки во Серија А со три бода и најдобра гол-разлика. Торино (0) е на последното, 20. место.

353

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, ги искажа впечатоците по синоќешниот натпревар со Торино.

Интер во првото коло од новата сезона во Серија победи убедливо со 5:0.






– Се обидовме да пристапиме кон првиот натпревар во најдобра можна состојба. Психички, момците ги оставија настаните од минатата сезона зад себе, демонстрирајќи го својот вистински потенцијал. Од првиот ден, сите веднаш се вратија во реалноста, работеа под голем притисок и никогаш не се пожалија. Никој не рече ништо, сите работеа напорно. Подготовката за натпреварот не беше лесна, со оглед на тоа што имавме толку малку време – изјави Киву за „Газета дело спорт“.

По овој натпревар, Интер е водечки во Серија А со три бода и најдобра гол-разлика. Торино (0) е на последното, 20. место.

Следниот натпревар од италијанското фудбалско првенство Интер ќе го игра на 31 август против Удинезе, а тимот од Торино ќе се сретне со Фиорентина истиот ден.

Поврзани содржини