НА ПРАТЕНИЦИТЕ ИМ ЗАВРШИ ЛЕТНИОТ РАСПУСТ Собранието почнува со седници

Се очекува Собранието да одржи пленарни и комисиски седници до почетокот на кампањата за локалните избори на 29 септември.

92

Работата на Законодавниот дом започнува денес со состанок на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Вообичаено, одморот на пратениците започнува по националниот празник Илинден.






Одморот на пратениците беше прекинат само на 16 август кога беше свикана вонредна седница за Предлог-законот за измени и дополнувања на Изборниот законик, по скратена постапка која не помина поради недостаток на Бадентерово мнозинство.

Претходно, на 13 август, седница одржа и Комисијата за избори и именувања, која формираше Комисија за избор на кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Претседателот на Собранието Гаши на 9 август ги објави локалните избори за 19 октомври.

Се очекува Собранието да одржи пленарни и комисиски седници до почетокот на кампањата за локалните избори на 29 септември.

На последниот брифинг со новинарите, претседателот на Собранието потсети дека законодавниот дом е во постојана седница и дека доколку е потребно, пратениците ќе бидат повикани на седници.

Поврзани содржини