АМЕРИКАНСКИОТ АМБАСАДОР ГО КРИТИКУВАШЕ МАКРОН ЗА СЛАБИ МЕРКИ ПРОТИВ АНТИСЕМИТИЗАМ Париз му порача да не се меша во внатрешните работи
Изјавите на амбасадорот се неприфатливи. Тие се спротивни на меѓународното право, а особено на обврската да не се меша во внатрешните работи на државите предвидена со Виенската конвенција од 1961 година, која ги регулира дипломатските односи, соопшти синоќа Министерството за надворешни работи.
Франција денеска го повика американскиот амбасадор во Париз, Чарлс Кушнер, по неговите „неприфатливи“ коментари упатени кон францускиот претседател Емануел Макрон, кого дипломатот го обвини за „недостаток на доволно мерки за борба против антисемитизмот£.
„Изјавите на амбасадорот се неприфатливи. Тие се спротивни на меѓународното право, а особено на обврската да не се меша во внатрешните работи на државите предвидена со Виенската конвенција од 1961 година, која ги регулира дипломатските односи“, соопшти синоќа Министерството за надворешни работи.
Американскиот амбасадор во Франција, Чарлс Кушнер вчера го осуди „недостатокот на доволни мерки“ од страна на претседателот Емануел Макрон во борбата против антисемитизмот, повторувајќи ги критиките што ги изрече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Во писмо упатено до шефот на државата, амбасадорот изрази „длабока загриженост за порастот на антисемитизам во Франција и за недостатокот на доволни акции од страна на неговата влада во борбата против антисемитизмот“.