КРВАВИ СМЕТКИ ОД ФРОНТОТ Kолку навистина војници загубија армиите на Русија и на Украина?

Руски хакери тврдат дека Украина изгубила 1,7 милиони војници, но експертите предупредуваат дека бројките се засновани на недоверливи податоци и груби апроксимации. И Русија и Украина претрпеле огромни човечки загуби, кои според проценките достигнуваат речиси милион луѓе од двете страни.

541

Неодамна група руски хакери објавија информации за кои тврдат дека произлегуваат од хакирање на базата на податоци на украинската армија.

Според нивните наводи, Украина изгубила дури 1,7 милиони војници од почетокот на војната. Но, бидејќи хакерите не дадоа дополнителни објаснувања ниту докази, многу аналитичари изразија сомнеж во веродостојноста на овие податоци. Сите сериозни аналитички куќи признаваат дека вистинските загуби е тешко да се утврдат и се темелат на апроксимации.






Украински загуби

Експертските проценки се движат меѓу 160 и 200 илјади загинати украински војници. Како основа често се користи страницата „UA losses“, која бележи речиси 160.000 убиени, исчезнати и заробени. Со груба апроксимација, базирана на сооднос 4:1 (ранети, исчезнати и заробени наспроти убиени), бројката се движи помеѓу 800.000 и 1.000.000 луѓе исфрлени од употреба.

Овие податоци опфаќаат припадници на сите гранки на украинската војска, полицијата, граничната служба, националната гарда, СБУ и странски платеници. Сепак, најголемата слабост на оваа проценка е што се базира речиси исклучиво на некролози и јавно достапни извори, без информации од гробишта или други неофицијални извори.

Руски загуби

Од другата страна, порталот Медијазона именски потврди над 120.000 руски жртви, но проценката се зголемува на околу 165.000 мртви, бидејќи списокот не е комплетен. Овие загуби ги вклучуваат руската армија, Националната гарда, ФСБ, платеници и регрутирани затвореници од Вагнер. Вклучени се и силите на ЛНР и ДНР, но само по нивната формална анексија кон Русија.

Проценките не ги опфаќаат загубите на сепаратистичките сили во првите месеци од војната. Се додава дека уште 5.000–6.000 борци на Донбас биле убиени во тој период, што вкупната бројка ја носи до околу 170.000 мртви.

Со примена на истиот метод на апроксимација (сооднос 4:1), вкупните загуби на Русија се проценуваат на 800.000–900.000 луѓе.

Мобилизација

И Русија и Украина регрутирале меѓу 30 и 40 илјади луѓе месечно, а Русија неодамна го зголеми бројот на 60.000 месечно. Тоа значи дека за 3,5 години, двете страни мобилизирале помеѓу 1,2 и 1,6 милиони луѓе. Овој процес главно бил користен за надополнување на постојните единици, а не за создавање нови.

Размена на тела и тактики на фронтот

Иако бројките за загуби на двете страни изгледаат слични, се поставува прашањето зошто при размената на тела Русија предала многу повеќе украински војници отколку обратно. Дел од одговорот лежи во фактот што украинската армија главно се бранеше и повлекуваше, додека руските сили напредуваа и преземаа контрола врз „ничија земја“.

Дополнително, руската армија поседува многу поголема артилериска моќ и ракетни ресурси, што резултира со повеќе украински жртви. Тактиката на Русија, исто така, се промени – наместо масовни продори, се користат извиднички групи од 2–4 луѓе кои често наидуваат на побројни украински единици.

Критичен фактор е и тоа што Киев продолжува да испраќа сили во опколени или полуопколени позиции, забавувајќи го рускиот напредок, но по цена на големи човечки загуби.

И покрај сите проценки, вистинските загуби најверојатно ќе бидат познати дури по завршувањето на војната. Страните во конфликтот имаат интерес да ги минимизираат сопствените и да ги зголемат противничките жртви заради одржување на моралот. Јавно достапните информации и апроксимации можат да дадат слика за размерите на страдањето, но точните бројки остануваат непознати.

Поврзани содржини