4iG ЕДИНСТВЕН ПОНУДУВАЧ НА ТЕНДЕРОТ ЗА ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР Одлуката за изборот ќе се објави по локалните избори
Потенцијалниот нов мобилен оператор во земјава, според условите од тенедерот, треба да почне со работа на крајот на 2026 година.
„Оне Македонија телекомуникации“, фирма на унгарската „Фор-ај-џи“(4iG), е единствената компанија која достави понуда на тендерот на Агенцијата за електронски комуникации за доделување одобренија за нов мрежен оператор.
Комисијата за спроведување на тендерот со јавно наддавање денеска на отворањето на понудите во АЕК констатираше дека понудувачот ги доставил сите документи.
– Постапката ќе продолжи согласно законот. Следува евалуација на документацијата, по што ќе се изготви извештај – изјави Игор Бојаџиев, претседател на Комисијата.
Бидејќи се распишани локалните избори, одлуката, доколку е се во ред, ќе биде донесена по завршување на изборниот процес.
Тендерска документација за трет мпбилен оператор подигнале 3 компани.
Потенцијалниот нов мобилен оператор во земјава, според условите од тенедерот, треба да почне со работа на крајот на 2026 година.