КУМОВИТЕ НА УРБАНАТА МАФИЈА, СДСМ, ГИ БОЛИ ШТО ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ НИЕДНА ОПШТИНА Тие планираа бетонизација, ние градиме паркови и спортски терени, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Орце Ѓорѓиевски уште од првиот ден на мандатот го поништи предлог ДУП на Филип Темелковски и мафијата, со кој се предвидуваа 99 згради во Расадник. Тоа значеше бетонизација на повеќе од 1 милион квадрати бруто површина и гушење на народот, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

774

Паушалните изјави на СДСМ, да не беа смешни ќе беа навистина трагични, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од СДСМ дека кандидатот за градоначалникот на Скопје Орце Ѓоргиевски е кандидат на структурата која го создаде урбанистичкиот хаос во Чаир и во Кисела Вода и во целиот град.

„Бетонизацијата беше второто моминско презиме на Филип Темелковски и неговата екипа, кои го претворија јавниот интерес во приватен профит. Да потсетиме за јавноста: градоначалникот Орце Ѓорѓиевски уште од првиот ден на мандатот го поништи предлог ДУП на Темелковски и мафијата, со кој се предвидуваа 99 згради во Расадник. Тоа значеше бетонизација на повеќе од 1 милион квадрати бруто површина и гушење на народот. Наместо тоа, за првпат после Кензо Танге, се распиша меѓународен конкурс за Расадник за избор на идејно решение и вистински развој, наместо груба градба“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






За првпат беа поништени маркици и ДУП-ови таму каде што СДСМ дозволуваше по 30-40 станови во еден објект во Црниче и Пржино, се додава во соопштението.

„Сега таму има строги ограничувања до максимум четири станбени единици. И тоа е нивната болка заради која денес држат вакви смешни прес-конференции. А уште повеќе ги боли фактот што на претстојните локални избори силно ќе изгубат и ќе останат без ниту една општина. Но, тоа е реалност со која мора да се соочат“, се вели во соопштението.

Урбаниот хаос и дивеењето на урбаната мафија, се додава, завршија со нивното заминување во политичка пензија.

„Денес на местата каде што СДСМ планираше згради, никнуваат паркови, зеленило, детски катчиња и спортски терени. Така ќе биде и во Скопје после октомври, град по мерка на луѓето, а не на мафијата. СДСМ – никогаш повеќе“, реагира ВМРО-ДПМЕ.

 

Поврзани содржини