ЛАЖНО СЕ ПРЕТСТАВУВАЛ ВО ИМЕ НА МИНИСТЕР И ОБВИНИТЕЛИ, ИЗНУДИЛ 1,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ На рекетар му се заканува затворска казна

За делото изнуда е дпредвидена построга затворска казна која изнесува најмалку една година, а може да биде изречен и законскиот максимум, соопштија од Јавното обвинителство.

318

Лице во четири наврати на локации во Скопје му исплатило милион ипол денари на човек кој му се заканувал дека ќе поведе судска постапка против него, соопшти Основното јавно обвинителство.

Јавниот обвинител до судија предложи притвор за, како што се вели во соопштението „заканувачот кој во повеќе наврати од различни телефонски броеви, претставувајќи се во име на министерот за внатрешни работи и тројца јавни обвинители, преку пораки го контактирал осомничениот и ги барал од него паричните средства со цел да биде изземен од обвинение, односно да не биде спроведена постапка против него“.






Според соопштението, изнудувачот го познавал лицето од претходно.

Јавниот обвинител донесе одлука да поведе истрага за изнуда, бидејќи од преземените дејствија на осомничениот произлегува дека тој користел сериозна закана да го присили оштетениот да стори нешто на штета на својот имот.

За ова дело е предвидена построга затворска казна која изнесува најмалку една година, а може да биде изречен и законскиот максимум.

Обвинителот ги разгледал прибавените докази од полицијата откако претходно во Министерството за внатршени работи била поднесена пријава за кривично дело измама.

„Пријавениот, во периодот од 15.07.2025 до 28.07.2025, со намера да се стекне со противправна имотна корист, уверувал едно лице дека против него ќе биде поведена судска постапка доколку не исплати околу 1.500.000 денари“, се вели во написот на ОЈО.

 

Поврзани содржини