ГОРЕШТИНИ И ЈУЖЕН ВЕТЕР ДО ПЕТОК За викенд за нијанса посвежо, потоа повторно топло

Најстудено ќе биде во Маврово и во Берово каде утринската температура ќе се спушти до 11 степени Целзиусови. Најтопло ќе биде во Велес, Демир Капија и во Гевгелија, со температура до 37 степени. 

202

Времето утре ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Фото: УХМР

 






Најстудено ќе биде во Маврово и во Берово каде утринската температура ќе се спушти до 11 степени Целзиусови. Најтопло ќе биде во Велес, Демир Капија и во Гевгелија, со температура до 37 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло. Температурата наутро ќе инесува 17 степени, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

Во петок и во сабота во западните и во северните делови на Македонија ќе има услови за повремен локален дожд и за појава на ретки грмежи.

Во петок ќе дува засилен, а повремено силен ветер од западен и од југозападен правец.

За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен и ќе има умерен интензитет, а долж Повардарието повремено засилен интензитет. Температурите ќе бидат во опаѓање.

Фото: УХМР
Поврзани содржини