РУСИЈА УДРИ ПО УКРАИНА СО 270 ДРОНОВИ И СО 10 РАКЕТИ ПО ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ ТРАМП И ЗЕЛЕНСКИ Киев нападна нафтена рафинерија на „Лукоил“

Украински напади со дронови предизвикаа краток пожар во една од најголемите нафтени рафинерии во јужна Русија, како и во болница во градот Волгоград. Нафтената рафинерија во Волгоград е најголемата на компанијата „Лукоил“ во јужна Русија.

304

Руската армија ноќеска изврши една од најголемите воздушни офанзиви овој месец, користејќи 270 дронови и 10 ракети, соопштија Украинските воздухопловни сили.

Од нив биле соборени 230 дронови и 6 ракети. Сепак, удари биле регистрирани на 16 локации со 4 ракети и со околу 40 дронови.






Локалните власти соопштија дека централниот украински град Кременчук бил сериозно погоден, оставајќи стотици корисници во Полтавска област без електрична енергија.

„Путин не сака мир“

– Токму во моментот кога Путин му зборуваше на Трамп по телефон дека сака мир, неговата армија започна нов масовен напад врз Кременчук. Светот повторно виде дека Путин не сака мир, тој сака уништување на Украина – изјави градоначалникот Виталиј Малецки.

Гувернерот на Полтавска област, Володимир Когут, потврди дека биле погодени административни згради на еден локален енергетски објект и дека околу 1.500 домаќинства и 119 деловни објекти останале без струја.

–  За среќа, нема жртви – додаде тој.

Русија, пак, соопшти дека украински дронови предизвикале пожари во нафтена рафинерија и на покрив на болница во Волгоградска област.

Под удар нафтена рафинерија во јужна Русија

Ноќеска украински напади со дронови предизвикаа краток пожар во една од најголемите нафтени рафинерии во јужна Русија, како и во болница во градот Волгоград, соопштија властите во раните утрински часови во вторникот, објави Москов тајмс.

Гувернерот на регионот Волгоград, Андреј Бочаров, изјави дека пожарите биле предизвикани од остатоци што паднале кога руските противвоздушни системи собориле украински дронови во небото.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека уништило 13 украински дронови во регионот Волгоград во текот на ноќта, како и по 5 дронови во регионот Ростов и во анектираниот Крим.

Бочаров изјави дека нема повредени во воздушните напади во регионот Волгоград, каде што властите за цивилна авијација воведоа привремени ограничувања на летовите. Неколку часа по изјавата на гувернерот, локалните власти информираа за државните медиуми дека пожарот е изгаснат.

Нафтената рафинерија е најголемата на „Лукоил“

Нафтената рафинерија во Волгоград е најголемата на „Лукоил“ во јужна Русија. Украински напади со дронови минатиот четврток го прекинаа работењето на објектот.

Преработката на нафта во рафинеријата е суспендирана барем до средината на септември, известија медиумите во понеделникот.

Украинските напади со дронови врз руските нафтени рафинерии ги доведоа големопродажните цени на бензинот во земјата до рекордно високо ниво од почетокот на годината.

Од почетокот на војната, и Киев и Москва редовно напаѓаат клучна инфраструктура на другата страна.

КОЛКУ ДОЛГО МОЖЕ ТРАМП ДА ЖОНГЛИРА СО СИТЕ ТОПКИ? Американскиот претседател ги насочи работите по вистинскиот пат кој има многу кривини

Поврзани содржини