ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ СЕ РЕБРЕНДИРА Aхмети ги повика Албанците во Национална алијанса за интеграција

ДУИ и партнерите во коалицијата Европски фронт ќе настапат на локалните избори под новото име Националната алијанса за интеграција (НАИ), додека дел од партиите се повлекуваат или настапуваат самостојно.

307

Европскиот фронт влегува во ребрендирање и на претстојните локални избори закажани за 19 октомври ќе настапи под ново име и логото „Националната алијанса за интеграција (НАИ)“.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, преку објава на Фејсбук ја соопшти одлуката, нагласувајќи дека целта на оваа промена е обединување и заедничка европска перспектива.






– Живееме во тешки времиња и ние Албанците сè помалку сме почитувани од актуелната власт, која нема албански етнички легитимитет. Но, иако времињата се тешки, ние во ДУИ никогаш не ја забораваме европската дестинација до која сакаме да стигнеме. Денес е потребно единство, прво меѓу сите Албанци, кои треба да се застапуваат едни за други, но и меѓу сите оние кои веруваат дека можеме да изградиме подобра иднина за нашите деца – порача Ахмети.

Тој додаде дека „обединувањето е порака на завет, победа, вера и европска интеграција“ и нагласи дека иднината на граѓаните ја гледа во рамките на европското семејство.

Во меѓувреме, Европскиот фронт го напуштија две партии – Демократската партија на Турците, која ќе настапи самостојно на изборите, и Демократската партија на Албанците (ДПА) на Мендух Тачи, која воопшто нема да учествува со свои листи за градоначалници и советници.

Поврзани содржини