🎥 ТРАГЕДИЈА ВО ЗАБАВЕН ПАК ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Вовчето излета од шините, децата летнаа во воздух

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат возрасни како им помагаат на децата да излезат од возилото. Сведоците велат дека некои деца биле крвави по несреќата. Еден од вагоните наводно останал да виси во воздух, надвор од шините.

440

Голем број деца се повредени откако вовче излетало од шините во крајбрежен забавен парк во Велика Британија. Службите за итни случаи биле повикани во забавниот парк „Кони Бич“ во Порткоул, Велс, вчера вечер, откако сведоци пријавиле дека атракцијата „Ваки Ворм“ излетал од шините кратко пред 18 часот, објави британскиот таблоид „Сан“.

Според полицијата на Јужен Велс, 13 деца и еден возрасен се повредени.






Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат возрасни како им помагаат на децата да излезат од возилото. Сведоците велат дека некои деца биле крвави по несреќата. Еден од вагоните наводно останал да виси во воздух, надвор од шините.

„Бевме повикани во забавниот парк „Кони Бич“ во Порткоул околу 17:50 часот по несреќа на едно од возилата. Моментално можеме да потврдиме дека 13 деца и еден возрасен претрпеа полесни повреди. На некои им е потребна болничка нега. Забавниот парк ќе остане затворен утре додека полицијата и инспекторите за здравје и безбедност спроведуваат истрага“, соопшти полицијата.

„Поради инцидентот со возилото кое не е во наша сопственост, полицијата ни наложи да го испразниме паркот за понатамошна истрага. Се извинуваме за евентуалните непријатности и ќе им ги вратиме парите на посетителите што е можно поскоро. Упатствата за враќање на парите ќе бидат издадени наскоро. Ви благодариме за разбирањето“, соопштија од паркот „Кони Бич“.

Поврзани содржини