КИПАР СЕ ПРЖИ НА 45 СТЕПЕНИ Издаден црвен код за екстремна жештина, отворени центри за разладување
Општина Никозија најави дека центрите за разладување ќе работат на 13 и 14 август од 9 до 18 часот, нудејќи климатизирани простории и освежителни пијалоци.
Во Кипар денеска се очекуваат рекордни температури до 45 степени Целзиусови, а властите отворија центри за разладување и воведоа целосна забрана за работа на отворено во најтоплите часови од денот.
Метеоролошката служба издаде црвен код за екстремна жештина во периодот од 11 до 17 часот. Општина Никозија најави дека центрите за разладување ќе работат на 13 и 14 август од 9 до 18 часот, нудејќи климатизирани простории и освежителни пијалоци.
Властите апелираат особено кон постарите лица и хронично болните да избегнуваат директно изложување на сонце. Паралелно, прогласен е и црвен аларм за ризик од шумски пожари, со предупредување дека предизвикување пожар е кривично дело со строги казни.
Инспекцијата за труд ја продолжи забраната за работа на отворено помеѓу 11 и 17 часот во внатрешните региони и на поголема надморска височина.