ТЕТОВЦИ И ДЕНЕСКА ЌЕ НЕМААТ ВОДА Екипите на „Шар“ се справуваат со сериозен дефект

За да ја довршиме интервенцијата и да обезбедиме целосно и сигурно функционирање на системот, принудени сме да извршиме нов привремен прекин на водоснабдувањето во целиот град Тетово, од 9 до 12 часот, соопшти Јавното комунално претпријатие „Шар“.

323

Тетовци два дена се без вода поради голем дефект на една од главните водоводни цевки со пречник Ф400.

Дефектот на цевката е на улицата Александар Јовановски-Журчин во Горна Чаршија, каде вчера се комуналните работници интервенираа од 8 часот утрината до попладневните часови. Според најавата ќе се работи и денеска од 9 до 12 часот.






„И покрај континуираната работа и максималните напори на екипите на ЈКП Шар, не успеавме целосно да го завршиме санирањето на дефектот на старата водоводна линија Ф400. За да ја довршиме интервенцијата и да обезбедиме целосно и сигурно функционирање на системот, принудени сме да извршиме нов привремен прекин на водоснабдувањето. Овој прекин ќе се изврши во целиот град Тетово, од 9 до 12 часот, соопшти Јавното комунално претпријатие „Шар“ Тетово.

Оттаму наведуваат дека се свесни за тешкотиите со кои се соочуваат граѓаните на високите температури.

„Оваа мерка е навистина неопходна за да се обезбеди стабилно водоснабдување. Им се извинуваме на граѓаните за тешкотиите“, соопшти претпијатието.

Во понеделникот, 11 август, ЈП „Шар“ го поврзувањето на новоизградената водоводната мрежа со која се носи вода до 3.000 домаќинства во населбата позната како 146.

Поврзани содржини