📽️ ПОДМЕТНУВАЊЕТО ПОЖАР ЌЕ СЕ КАЗНУВА КАКО УБИСТВО Еди Рама им објави „војна“ на потпалувачите, 22 лица во притвор

Претходно, по драматичната ситуација со пожарите, премиерот Еди Рама, објави видео-снимка направена од турски дрон „Бајрактар“ на албанското воздухопловство, на која се гледа како лице подметнува пожар.

429

Под сомнение за подметнување пожари во Албанија се осомничени 125 лица, додека 22 се во притвор, изјави Ервин Хоџа, министер за внатрешни работи.

Од Грамш, каде состојбата е повеќе од критична тој упати апел до граѓаните да бидат посвесни бидејќи „казните ќе бидат ригорозни“.






Претходно, по драматичната ситуација со пожарите, премиерот Еди Рама, објави видео-снимка направена од турски дрон „Бајрактар“ на албанското воздухопловство, на која се гледа како лице подметнува пожар.

Намерното палење на отворен простор го нарече „предавство“ најавувајќи дека „потпалувањето ќе се израмнува со убиство“.

– Намерното палење не е само злосторство, туку и предавство на нашата земја и иднината на нашите деца. Еве видео од намерно палење снимено денес од беспилотни летала на воздухопловните сили. Државната полиција е на терен за да ги изведе пред лицето на правдата сите што си играат со пламен на заеднички имот – вели Рама.

Најавата на Рама ја поддржа министерот за одбрана Пиро Венгу велејќи дека „апсолутно е исправно од моментов, Кривичниот законик да ја одразува новата реалност“.

Инаку, според Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS) од почетокот на јули, во Албанија изгореле речиси 34.000 хектари.

Поврзани содржини