ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ГО ОТКАЧИ ШТУРЕЦОТ Пејачката ладно го истресе инсектот што ѝ лазеше по вратот

Славната пејачка покажа дека е вистинска професионалка кога со еден потег ја реши непредвидената ситуација, поточно, скакулецот кој ѝ лазел по вратот за време на нејзиниот настап

1,042

Американската пејачка Џенифер Лопез доживеала мала непријатност на концерт во Алмати, Казахстан. Врз неа наеднаш слетал скакулец, ѝ се искачил до вратот, но таа, како што може да се види на видеото кое беше споделено на социјалните мрежи, наместо да вреска, смирено продолжува со песната.

Иако скакулецот веројатно ја скокоткал додека ѝ лазел на вратот – како што и самата признала подоцна, пејачката не дозволи да ѝ го одвлече вниманието, само го отстрани фаќајќи го со прстите.






Лопез покажа дека е вистинска професионалка кога со еден потег ја реши непредвидената ситуација и го продолжи настапот.

Славната пејачка објави снимка од случката прво на нејзините фан-страници, а потоа и на своите профили.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by On The JLo (@onthejlo)

„Го реши како професионалка“, „Одлично се снајде, јас ќе се онесвестев онаму“, „Среќна бубачка“, „Да ми се случеше ова мене, ќе врескав“ – се дел од коментарите на следачите.

Џеј Ло ја продолжува својата турнеја „Up All Night: Live in 2025“ во хотелот „Кала ди Волпе“ (Cala di Volpe) на италијанскиот остров Сардинија.

Поврзани содржини