📽️ СПАСЕНИ КУЌИТЕ ВО ДОЛНО ДУПЕНИ Два авиони и хеликоптер го гаснат огнот кај Преспа
Пожарникарите и локалното население спречија огнот да стигне до куќите, а авионите и хеликоптерите се борат со пламените јазици на непристапниот терен.
Попладнево избувна голем пожар кај ресенското село Долно Дупени, во непосредна близина на Преспанското Езеро. Благодарение на брзата реакција на екипите на Територијалната противпожарна единица Ресен, викендиците и куќите од селото се спасени од огнената стихија. Моментално, огнот се движи кон непристапен терен, каде што гаснењето е отежнато.
Два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување веќе се вклучени во акцијата, а поради високите температури, полициски хеликоптер ќе се приклучи во 16:30 часот. На терен се и жители од селото, кои помагаат на пожарникарите во локализацијата на пожарот.
– Ситуацијата е под контрола во делот каде што има објекти. Нема опасност по куќите и викендиците, но борбата продолжува на непристапниот планински терен. Авијацијата ни помага значително, а апелирам до сите граѓани да бидат внимателни и да не предизвикуваат нови пожари – изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
View this post on Instagram