МЕТЕЖ НА ПАТИШТАТА ПОРАДИ ГОДИШНИТЕ ОДМОРИ На граничниот премин Богородица утрово се чека 30 минути
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила на патиштата и на граничните премини, предупредува Авто-мото сојузот.
На ГП Богородица времето на чекање е околу 30 минути, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.