ЛУКРОВСКИ ПЛАНИРА ДА ГО РАЗИГРА КЕЈОТ НА ВАРДАР Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека работата е негова девиза

Се надевам дека граѓаните ќе препознаат во мене човек кому ќе ја дадат довербата за општината, а моја девиза е работата - рече Лукровски.

3,997

На кејот на Вардар да се изградат спортски терени и локали каде што ќе можат младите да го поминуваат времето, да се забавуваат и да се рекреираат, предлага кандидатот за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски.

– Размислуваме за проект со кој би го разиграле кејот на Вардар. Сметам дека тој дел е многу атрактивен и нуди големи можности.  Сметам дека на овие избори ќе имаме соработка меѓу општинската, градската и централната власт. Со господинот Орце Ѓорѓиевски имавме неколку средби, еден од приоритетите ни е кејот. Има идеја за спортски терени и по некој локал каде што ќе може во рамки на законот младите да се забавуваат таму, место во локалите меѓу згради, до подоцнежни часови – рече Лукровски во утринската емисија „Здраво Македонијо“ на Канал 5 телевизија.






Тој вели дека деновиве е во постојана комуникација со граѓаните, се прават анализи и ќе се прави ревизија на сѐ што ќе биде затекнато во општината.

– Доаѓам од реален сектор, имам големо искуство во реалниот сектор, имам голем круг на пријатели, познавања од доста сфери. Се надевам дека граѓаните ќе препознаат во мене човек кому ќе ја дадат довербата за општината, а моја девиза е работата – рече Лукровски.

Меѓу најголемите проблеми во општината се паркингот, сметот и бучавата.

 

Поврзани содржини