СДСМ МИСЛИ ДЕКА МОЖЕ ДА ГО ПРИСВОЈУВА МИШКО РАЛЕВ, ТОА Е ПИЉАРСКИ НАРАТИВ Адвокатот Туфегџиќ ја оправдува постапката на познатиот архитект
Изиграа и изневерија илјадници луѓе, кои со силна енергија веруваа во нивните ветувања, вели Владимир Туфегџиќ за СДСМ.
„Не знам што се крена толкава галама за професорот Мишко Ралев. Сите луѓе што нешто вредат треба да бидат ангажирани во сите влади, без оглед кој е на власт, затоа што ниту една партија нема доволен професионален и кадровски потенцијал. Во нормални држави тоа е така”.
Ова на Фејсбук го напиша познатиот адвокатот Владимир Туфегиќ,
„Тоа што СДСМ на нашата земја мисли дека може секого да присвојува и дека има посед на нечиј авторитет, тоа е нивни проблем, тој пиљарски наратив ги донесе до таму до кај што се денеска.
Изиграа и изневерија илјадници луѓе кои со силна енергија веруваа во нивните ветувања, ги злоупотребија студентите и ‘шарената револуција’ за сите пари.
Затоа баталете шокираност и патетики, правилно постапил човекот”, пишува Туфегџиќ.