„ПАЛЕСТИНА НЕ Е ДРЖАВА И НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПРИЗНАЕНА“ Додик повторно налути многумина

„Држава која не постои во реалноста не може да биде легално признаена. Ја поддржувам јасната и рационална позиција на Израел и дел од меѓународната заедница – долготрајните конфликти не се решаваат со еднострани политички гестови“, напиша Додик на платформата Икс.

454

Најавата за можноста Франција да ја признае Палестина како независна држава предизвика нови политички судири во Босна и Херцеговина. Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, остро се спротивстави на оваа идеја и изрази поддршка за Израел, што предизвика реакција од страна на бошњачкиот функционер и претседавач на Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ, Денис Звиздиќ.

„Држава која не постои во реалноста не може да биде легално признаена. Ја поддржувам јасната и рационална позиција на Израел и дел од меѓународната заедница – долготрајните конфликти не се решаваат со еднострани политички гестови“, напиша Додик на платформата Икс.






Тој го обвини Западот дека ги пренасочува своите геополитички фрустрации врз други народи и оцени дека најавеното признавање на палестинската држава од страна на Франција е политички мотивирано и опасно по глобалната стабилност.

Тој додаде дека решението мора да произлезе од преговори меѓу израелскиот и палестинскиот народ, а не преку еднострани чекори. „Признавањето на Палестинската власт како држава без договор со Израел не е акт на мир, туку преседан што го поткопува меѓународното право и архитектурата на глобалната стабилност“, оцени Додик.

На ова реагираше Звиздиќ, нарекувајќи ја изјавата на Додик „нечовечна“ и „исклучиво мотивирана од омраза кон муслиманите“.

– Менталитетот на Додик е управуван од омраза кон муслиманите, не само кон Бошњаците – тоа е неговата политичка суштина – изјави Звиздиќ.

Тој оцени дека ваквите ставови не само што се противат на принципите на правдата, туку и индиректно го поддржуваат насилството врз цивилите во Газа. Според него, Додик се обидува да се додвори на Израел во надеж дека ќе добие поддршка за укинување на санкциите.

– Овие постапки се закана за мирот, Дејтонскиот договор и уставниот поредок на БиХ – заклучи Звиздиќ.

Поврзани содржини