📷 ЕМОФ СКОПЈЕ 2025 БЕШЕ ЕКСТРЕМНО УСПЕШНО ОРГАНИЗИРАН, РЕЧЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА ЕВРОПСКИТЕ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТИ Над 4.000 спортисти си заминаа со позитивни впечатоци

Имавме фантастична недела за европскиот спорт, 4.000 атлетичари се натпреваруваа овде во Скопје во 15 спортови. Тие покажаа дека на спортот во Европа добро му оди. Дури 40 од 49 национални олимписки комитети кои се натпреваруваа овде добија медали, што покажа дека спортот се движи во добра насока во цела Европа. Условите во спортските објекти беа одлични, изјави Спирос Капралос, прв човек на Европските олимписки комитети.

3,835

Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025 заврши во одлична атмосфера, а Македонија доби пофалби за исклучително организираниот настан.

Вчеравечер и официјално беше затворено 18. издание на ЕМОФ, а повеќе од 4.000 спортисти од 50 делегации имаа еднаква можност да се натпреваруваат во 15 спортови, при што 40 делегации си заминаа дома со медали, што е одличен показател дека европскиот младински спорт оди во позитивна насока.






Првиот човек на Европските олимписки комитети, Спирос Капралос, не го криеше своето задоволство од сè што беше реализирано во текот на фестивалската недела, кој во изјава за Сител ТВ, истакна:

– Имавме фантастична недела за европскиот спорт, 4.000 атлетичари се натпреваруваа овде во Скопје во 15 спортови. Тие покажаа дека на спортот во Европа добро му оди. Дури 40 од 49 национални олимписки комитети кои се натпреваруваа овде добија медали, што покажа дека спортот се движи во добра насока во цела Европа. Условите во спортските објекти беа одлични. Имавме мали проблеми со времето, бидејќи беше премногу жешко, но тоа е проблем сега поради климатските промени и не можеме да преземеме нешто околу тоа. Но, сè на сè, а и она што е најохрабрувачки за нас е дека атлетичарите се многу среќни. Се забавуваа секоја вечер, ги уживаа пријателствата меѓу нив, но и стекнаа пријатели од другите тимови. На крајот на денот морам да кажам дека ова беше екстремно успешен Европски младински олимписки фестивал – оцени Капралос, според кого, ЕМОФ Скопје 2025 ја потврди визијата на овој настан како како фестивал на младоста, пријателството и европското единство.

Истите впечатоци тој ги сподели и во изјава за ТВ Канал 5.

Оценката на Капралос дополнително го зацврстува впечатокот дека ЕМОФ Скопје 2025 освен спортски настан, беше симбол на младоста, пријателството и европското заедништво, токму визијата што ја носи овој олимписки собир, забележува Европскиот олимписки комитет.

„Ова е уште еден доказ за успешната организација на овој престижен младински фестивал кој Македонија ја стави на европската мапа како земја која може да се носи со големите европски земји. За жал, на овој ЕМОФ, каде за првпат имавме спортисти во сите спортови, не освоивме ниеден медал. Но, затоа, добивме признание од ЕОК  за најдобро организирани и реализирани церемонии досега“, наведено е во соопштението.

Следниот летен Европски младински олимписки фестивал ќе се одржи во Лињано Сабјадоро, Италија, во 2027 година.

Фото: Европски олимписки комитет
Поврзани содржини