СТРАШНИ ШУМСКИ ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА Десет лица загинаа, повеќе од 2.600 се евакуирани
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, изјави во петокот дека во гаснењето учествуваат 27 авиони, 105 хеликоптери, 6.000 возила и 25.000 лица. Тој изрази сочувство до семејствата на загинатите.
Турската Дирекција за управување со вонредни ситуации (АФАД) евакуираше 2.619 лица откако оваа недела Турција се соочи со серија интензивни шумски пожари во повеќе провинции, јави весникот „Дејли сабах“.
Пожарите, поттикнати од екстремно високи температури, силен ветер и сушно време, мобилизираа илјадници спасувачи и доброволци кои учествуваат во гаснењето на огнот. Екипите се активни од воздух и копно, а според АФАД, ангажирани се 4.231 лице, 45 летала и 1.236 копнени возила.
Најтрагичниот инцидент се случи во средата, во руралниот дел на провинцијата Ескишехир, каде животот го загубија десет лица, пет шумски работници и пет припадници на организацијата АКУТ за пребарувачко-спасувачки операции, додека се бореле со огнената стихија.